Според традиционалното сфаќање, жените сериозни страдаат поради несреќна љубов, додека мажите се дебелокошци кои демонстрираат сила криејќи ги своите чувства.
Но, најновото истражување објавено во американскиот „Магазин за здравје и социјално однесување“ (Journal od Health and Social Behavior) покажува дека мажите всушност повеќе страдаат по раскинувањето на врската.
Истражувањето покажува дека мажите во раните дваесет години потешко го доживуваат раскинувањето, како и добрите и лошите моменти во врската отколку жените. Тоа е поради што жените во тие години веќе изградиле односи со пријателите и со семејството.
Мажите таква поддршка немаат. Ако партнерката е единственото лице во кое имаат доверба, тие се поранливи ако останат без неа, дури и ако не ги покажуваат отворено своите чувства.
Најновата анкета покажа дека мажите во голема мерка ја доживуваат нестабилната врска како стрес, но и црпат поголема емоционална корист од среќната љубовна врска.
– Нашето истражување открива дека постои врска меѓу вонбрачната љубовна врска и емоционалната благосостојба кај мажите и жените на прагот на одрастувањето. Изненадувачко е сознанието дека момчињата имаат повеќе корист од квалитетната љубовна врска, истакнува професор Робин Сајмон од Универзитетот Северна Каролина.
Таа наведува дека истражувањето покажува оти на младите жени им е поважно дали имаат партнер отколку да се среќни во врската. Кога врската нема да успее, тие се подготвени да зборуваат за своите чувства со пријателките, додека мажите тоа често го изразуваат со конзумирање на алкохол или дрога.