Со проекција на филмот „Мојот брат брка диносауруси“ почнува фестивалот „Џифони Македонија“

Од:

Осмиот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ преку кој ученици од земјава и 12 други земји ќе одржат креативни работилници, едукативни содржини, детски и младински филмови ќе биде отворен вечер од 19 часот во Кинотеката со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“.

Фестивалот ќе трае до 30 септември, ќе учествуваат 300 деца, а најголемиот дел од програмата ќе се одвива онлајн преку платформата „youth.mk“.

Според извршниот директор на „Џифони Македонија“, Дарко Башевски, овој фестивал веќе осум години е место каде што се презентираат актуелните филмови за деца и млади, но и место за дискусија за проблемите на младите, средби со познати личности и место за дружење на младите од целиот град, од целата земја и од десетина до 12 земји од Европа секоја година.

Новата дигитална младинска платформа „youth.mk“ преку која ќе се одржува Фестивалот е создадена благодарение на поддршката на мисијата ОБСЕ во Скопје, и е наменета на младите љубители на филмска уметност.

Платформата ќе биде и место каде што ќе се објавуваат аудио-визуелни креации, прилози, туторијали на младите македонски и странски автори. Истата ќе им овозможи на учесниците директно да се вклучуваат во работилниците и другите онлајн настани и да имаат интерактивни средби со гостите.

-Околу 300 ученици година од соновно и средно образование, на возраст од 11 до 19 години од земјава и од 12 други земји ќе се дружат преку оваа платформа на која ќе се презентира богатата понуда на филмови. На фестивалот ќе бидат прикаѓани 16 играни филмови и 35 кратки филмови кои ќе се натпреватуваат во три категории за играни филмови и 4 категории за кратки филмови, рече Башевски.

Темата на „Џифони Македонија 2020“ е Земја (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – Џифони Експириенс, Министерство за култура и туризам на Италија, Министерство за надворешни работи на Италија и Амбасадата на Италија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Ана Ололовска

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“, во кој гласот го позајмува Стефонатор, на „Џифони филмски денови“

Ана Ололовска

„Џифони филмски денови“ од 9 април до крајот на учебната година во Кинотека

Ана Ололовска

Рускиот „На работ“ и канадскиот „Врева“ – најдобри според средношколците на „Џифони Македонија“

Ана Ололовска

Во Кинотека завршна вечер на „Џифони“ фестивалот

Ана Ололовска

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Ана Ололовска