ВМРО-ДПМНЕ: Додека оваа мафија е на власт нема економски развој

Од:

„Економијата доживува крах, а народот тоне во сиромаштија. Власта на Заев нема апсолутно никаков план и стратегија да се справи со економските последици од Ковид кризата. Над 40 илјади лица останаа без работа, речиси толку не земаат редовно плата, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија.

Во услови кога не знаат што конкретно и долгорочно да преземат, власта на Заев се подготвува за нов краткорочен поткуп на граѓаните со кој ќе купи еден месец социјален мир и ќе потроши нови милиони евра. Политиката купи ден помини доведе до состојба во Македонија падот на економијата да биде за -12,7%, а јавниот долг да порасне за нови една милијарда евра за само три месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ништо од ветените проекти како што беше и викенд без ДДВ, новите странски инвестиции и долгорочната помош на стопанството.

Со поскапувањето на струјата власта придонесува стандардот на граѓаните стрмоглаво паѓа, а стопанството не гледа излез поради популистичките мерки од кои нема никаков ефект.

Еднократната помош и задолжувањето не се решение, затоа што власта не генерира раст на економијата. Додека народот осиромашува, мафијата на власт се богати. Додека оваа мафија е на власт, нема економски развој“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата