Шестата и последна вечер од 14. издание на СкупиФестивал вечерва на програмата се две претстави – од театри од Хрватска и од Бугарија.
Од 18.30 часот игра претставата „Златна лопата“ на Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска.
Во терминот од 20.30 часот, пак, е претставата „Дел од колекција“ на Театар Вагабонди од Софија, Бугарија, која и официјално ќе го затвори четиринаесеттото издание на Скупифестивал, по што жито во состав од Наташа Поплавска, Амернис Нокшиќи Јовановска и Евис Халили ќе ја прогласи најдобрата претстава на 14. издание на СкупиФестивал.
Според протоколот за заштита од Ковид-19, задолжително е публиката да носи заштитна маска.
Вчера во Куршумли Ан во Скопје, на петтата вечер од СкупиФестивал беше одиграна претставата „Кокошка“ од СПАМ Студио од Софија, Бугарија.