Даница и Трајче, зет и невеста на Галичка свадба

Од:

Даница Тортеска и Трајче Лозановски се овогодишните зет и невеста на 50-та јубилејна Галичка свадба. Даница е преведувачка во „Табернакул“ и е по потекло од Галичник, а Трајче, кој е скопјанец е машински инженер.

Тие се 6 години во врска, а љубовта ќе ја крунисаат во Галичник.

„По потекло сум галичанка и често имам учествувано како статист на Галичката свадба. Си имав план дека кога ќе дојде денот за мојата свадба, тоа ќе го сторам на оваа манифестација, иако не знаев дали мојот избраник ќе се согласи“, вели невестата Даница.

Манифестацијата Галичка свадба со извршување на сите обичаи се случува два дена (сабота и недела), а „сватовите“ и настаните почнуваат да се случуваат уште во петок навечер. Галичката свадба е само почеток на Галичкото културно лето.

Би можело да ве интересира

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје