Програмата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово редизајнирана согласно новите протоколи

Од:

Намален број на посетители можат да ги следат културните настани кои ги организира Националната установа Центар за култура Куманово, информираа денеска надлежните од „Трајко Прокопиев“. Согласно новите протоколите кои ги добила установата од Владата и ресорното министерството, во салата на центарот, настаните можат да ги следат 110 лица (капацитетот е 670), додека во салата на кумановскиот театар, само 50 лица.

– На посетителите ќе им биде мерена температура пред влезот, ќе има средства за дезинфекција за рацете, ќе мора да се носат заштитни маски при влегување во институцијата. Добро е што се донесоа овие протоколи, ние ќе ги почитуваме, мислам дека ќе имаме успешна сезона, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Што се однесува во ликовни изложби, поетски читања, исто така намален број на посетители можат да ги следат настаните, на пример во фоајето кое има простор од 200 метри квадратни ќе може 24 луѓе да проследат каква било манифестација.

– Ја ревидиравме малку програмата, направивме некои нови програми, додава Тодоровски.

Тој најави дека и годинава ќе се одржи традиционалниот фестивал Денови на комедија, од 28 октомври, согласно новите протоколи, ќе бидат прикажани моно и дуодрами заради запазување на протоколите за игра на актерите, ќе има само 110 места за следење.

– Според 30 проценти исполнетост на капацитетот, можеме да имаме публика од 110 луѓе, тоа е навистина многу мал број, меѓутоа работата беше дали оваа година воопшто да се одржи фестивалот, така што очекуваме разбирање од нашите сограѓани. Знаеме дека има огромен интерес за овој фестивал, знаеме дека публиката сака да го гледа овој фестивал, меѓутоа ќе има околу 100-тина билети во продажба, најави Тодорвски.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање