Во неколку региони во Босна и Херцеговина се појавија голем број на змии, од крајот на април досега најмногу се појавиле во Херцеговскиот, Бањалушкиот и Добојскиот регион, но и во другите региони од земјата.
Жителите на речиси сите делови од БиХ во последните дваесетина дена, се соочени со вистинска инвазија на змии. Тие се во паника и живеат со страв.
Експертите појаснуваат дека тоа би можело да биде последица од климатските промени, затоа што зимата не била толку ладна, па може да се очекува поголемо присуство на змии. Дека змиите се појавиле во огромен број, потврдуваат и од претпријатието “Еко-бел”, кое се занимава и со сузбивање и елиминирање на влекачите.