Најмалку четири лица загинаа, а 18 се раети во експлозиите, кои одекнаа денеска во градот Рејханли во јужната турска провинција Хатај, изјави турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер, јави Анадолија.
Тој истакна дека две експлозии избувнале пред зградата на општинската администрација во Рејханли во 13:55 часот по локално време. Експлозиите биле предизвикани со два автомобили бомби.
– Според првичните податоци четири лица загинаа, а 18 се ранети во експлозиите. Бројот на жртвите може да се зголеми, посочи министерот и додаде дека во регионот на експлозиите се распоредени припадници на силите за безбедност.
Тој истакна дека наскоро ќе го посети регионот и оти истрагата за експлозиите е во тек.
Фото CNN Turk