Турција: Повредите покажуваат изложеност на хемиско оружје

Од:

Повредите на ранетите сириски бегалци кои пристигнаа во Турција имаат симптоми на дејство на хемиско оружје – изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

-Направивме тестови и имаме индиции кои покажуваат употреба на хемиско оружје, но за да бидеме сигурни во тоа ние ќе продолжиме со анализите и резултатите ќе ги поделиме со агенциите на ОН- рече Давутоглу.

Агенција „Франс прес“ наведе дека сириските бегалци кои се хоспитализирани во болниците во пограничните градови со Турција имаат симптоми кои покажуваат декак биле изложени на хемиско оружје.

Давутоглу објасни дека се работат дополнителни тестови на крвта на пациентите за да се дојде до што попрецизни резултати.

-За повеќе од десет тестови потребно е дополнително испитување, и тоа треба сериозно да се сфати. Испитувањето продолжува, а ние ќе ги објавиме резултатите кога ќе бидат готови –нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски