Словенија ја поддржува Македонија и сака да ја види во НАТО и ЕУ, порача словенечниот амбасадор Бранко Раковец на прославата на Денот на Европа која се одржа на градскиот плоштад во Тетово.
Раковец рече дека денеска најголем предизвик е да се најде вистинска стратегија за излез од глобалната криза во која се и земјите од Унијата.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи рече дека при формирањето на Европската Унија народите сватиле дека нивната иднина лежи во разбирањето, а не во конфликтите.
Прославата во Тетово започна со оркестарот и хорот на ДУТ, а продолжи со садење сини и жолти цвеќиња кои ги симболизираат боите на знамето на ЕУ, како и други активности.