Пакистанското национално биро за борба против корупција и тероризам јави дека поранешниот пакистански генерал, Захид Али Акбар (80) е уапсен во БиХ, поради кривични дела и коруптивни активности.
Од Судот во БиХ за агенцијата „Срна“ изјавиле дека на Али Акбар му е одреден притвор во траење од 18 дена.
Акбар е осомничен во својата држава за корупција и повеќемилионска измама, а од Пакистан побегна во 2007 година.
Елена Георгиевска