Победникот во регуларната сезона Чикаго ја декласираше на гостувањето Минесота со 5:1 и се пласираше во вториот круг на плеј-офот во Западната конференција.
Домаќините го елиминираа противникот по четири победи во пет натпревари. Мариан Хоса доминираше со два гола и асистенција, Маркус Кругер додаде гол и асистенција, Ендрју Шо и Патрик Шарп исто така се запишаа за успехот. Одлична вечер имаше и голманот Кори Крафорд со 21 одбрана.
На Истокот Отава го отстрани вториот од регуларната сезона Монтреал по успехот со 6: 1 во петтиот натпревар.