Здружението на слепи лица во Штип со проект за надминување на предизвиците од коронакризата

Од:

Здружението на слепи лица во Штип преку проект финансиран од Владата – „Приспособување на слепите лица од источниот регион на тешките услови, кој ги наметна кризата со Ковид-19“, ќе ги надминува психолошките и економските предизвици.

Претседателот на Здружението Драги Витанов истакна дека од денеска ќе почнат трибините на кои членовите ќе може да слушнат експерти од неколку области. Тој истакна дека коронавирусот го наруши животот на сите граѓани, но слепите лица се соочиле со низа проблеми, а особено оние кои живеат сами.

Во текот на карантинските месеци слепо лице од едно радовишко село, кое од почетокот на годината живее сам бидејќи неговата сопруга починала, се соочило три дена да нема леб и никој да не може да му донесе. Витанов рече дека е разговарано и со локалната власт и се надева дека наскоро ќе се надминат проблемите со кој се соочува нивниот член. Посочи дека како здружение ќе побараат обуки за професионални асистенти за слепите лица, по примерите на Скопје, Куманово и Битола.

-Слепите лица со самото тоа што се дома се осамени и дефинитивно имаат проблеми, физички толку можеби не, но психички многу повеќе. Во секојдневието чекаат некој да ги фати за рака и да ги изнесе надвор, а сега е тоа уште повеќе е изразено. Затоа што нема луѓе коишто би можеле да им помогнат, бидејќи сите се плашат од коронавирусот, изјави Витанов.

Крсте Велјановски, кој има докторирано психологија, вели дека последните анализи на светско ниво покажуваат оти по пандемијата 20 отсто од населението во светот ќе се соочи со депресија, а тоа особено ќе биде изразено кај лицата со било каков хендикеп. Во земајава засега немаат такви анализи, но вели дека решението го гледа во комуникацијата меѓу луѓето, а во екстремни случаи и со помош од стручни лица.

– Стравот и депресијата се поврзани, светскиот научен форум кажува дека основа на сите психички пореметувања кои ќе ни следат како постсиндром ќе биде депресијата, а ќе бидат зафатени над 20 проценти од населението, рече Велјановски.

Стравот и депресијата за време на вонредната состојба штипјанките Благородна Ристова и Ливанта Дивчова ги поминувале со своите семејства, едната во куќа, а другата во стан. Ристова вели дека има среќа што живее во куќа, па кога ќе почувствува дека и треба воздух или да го победи стравот, веднаш излегува во дворот со своите домашни миленици.

Дивчова, пак, забележува дека е потешко да се живее во стан, без разлика дали се вонредни мерки или ги нема, бидејќи становите имаат мал простор, кога излегува – многу станбени згради немаат клупи, а на тротоарите и улиците има паркирани возила. Вонредната состојба ја поминала со семејството и пријателите, не дозволува да ја надвалдее стравот или депресијата, бидејќи, како што вели, секогаш има добра книга, но и пријатели со кои комуницира на компјутер.

Заменик-градоначалникот на Штип Јане Миланов на трибината истакна дека како локална власт секогаш им излегуваат во пресрет на барањата на здружението, за време на вонредната состојба имале соработка, а слепите лица добивале помош и од волонтерите на Општина Штип и од мобилните тимови на Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети