ВИДЕО: Британка направи венчален фустан од документи за развод на бракот

Од:

Една 15-годишна Британка направи венчален фустан од хартија, користејќи како основен материјал 1500 документи за развод на бракот.

Венчалниот фустан потсетува на оној што пред повеќе од 30 години го носеше, сега покојната принцеза Дијана.

Младата креаторка Деми Барнс својот модел го постави на Фејсбук и предизвика нејзината креација да стане хит.

Барнс откри дека неколку познати британски дизајнери и дизајнерски фирми веќе и понудиле да работи за нив и да креира модели.

Во изјава за британските медиуми таа рече дека само сакала својот модел да и го прикаже на една своја роднина која живее во Италија и оти воопшто не сонувала дека необичниот фустан ќе и помогне да стане позната низ земјата. За само неколку денови, по појавувањето на фустанот, младата Барнс на Фејсбук примила повеќе од 40 илјади лајкови.

„Ми се јавија многу познати дизајнери, со молба да им дозволам да го копираат фустанот што го креирав, како и идејата за материјалот, но јас само сакав да укажам дека многу девојки во Велика Британија пребрзо влетуваат во бракови што завршуваат со развод“, вели Деми Барнс.

Не е прв пат да се прават венчални фустани од нетипични материјали, како од тоалетна хартија или од колачи, како што тоа го направи еден украински слаткар пред неколку години, но ова е првпат фустан за „најзначајниот момент во животот“ да биде создаден од документите што се употребуваат во бракоразводните парници.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините