Перформанс на „Steam Room“ во Музеј на современата уметност

Од:

Во Музејот на современа уметност вечер од 21 часот ќе биде изведен перформансот „dragON aka PONY“ на Александар Ѓеоргиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас, познати како „Steam Room“, во рамки на осмиот фестивал „Викенд на гордоста Скопје 2020“.

Организаторите најавуваат дека „dragON aka PONY“ е кореографско дело во кое е претставено игралиште исполнето со голем број танцови референци од минатото и сегашноста, од Западна и Источна Европа, при што се создава простор на постојана транзиција, раслојување на интимноста и се експонира бедната коегзистенција. Перформансот е номиниран за наградата ИКАР 2020 на Сојузот на уметниците во Бугарија, во категоријата „Современ танц и перформанс“.

„Викендот на гордоста Скопје“ е фестивал за квир култура, уметност и теорија чија основна кураторска тема годинава е „Суров оптимизам“. Фестивалот е во организација на Коалицијата „Маргини“ и ЛГБТИ-Центарот за поддршка, во партнерство со Музејот на современа уметност. Перформансот на „Steam Room“ е организиран во партнерство со Кино Култура.

Би можело да ве интересира

Отворање на септемвриско издание на Викенд на гордоста Скопје – ЕКСТАТИЧНИ ТЕЛА

Ана Ололовска

Серија перформанси и концерт на џез триото „Светлост“ на 9. Викенд на гордоста Скопје

Ана Ололовска

Перформанс на американската уметница Кијун Томас во МСУ

Ана Ололовска

Групна изложба „Скршено“ во Музејот на современа уметност

Ана Ололовска

Викенд на гордоста – Скопје од 2-8 септември на три локации во главниот град

Ана Ололовска

Викендов почнува седмиот Викенд на гордоста

А1он