Филипче најави тестови за коронавирус што даваат резултати за 40 минути

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус.

„Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести. За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци“, потенцираше министерот Филипче.

Денеска, министерот Филипче и директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, д-р Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

(ВИДЕО) Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

(ВИДЕО) Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!