По повод Денот на Европа, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски имаше средба со Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав.
Општина Центар, заедно со Делегацијата на Европската Унија во Скопје, е организатор и учесник на повеќе манифестации по повод Денот на Европа.
На средбата заеднички е констатирано дека иднината на Република Македонија е во Европската Унија, бидејќи македонските заедно да ги споделуваме европските вредности.
Сите земји-членки на заедничкиот европски дом ги слават идеалите кои значат мир, надеж и единство.
Секоја земја, која е дел или се стреми да биде дел од Европската Унија, ги поддржува вредностите на Европа, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права.
Амбасадорот Орав и градоначалникот Жерновски, средбата ја искористија и за да разменат мислења за политичката ситуација во Република Македонија.