Секој петти жител на Босна и Херцеговина смета дека усниот или физички напад врз новинарите е оправдан, покажува истражувањето на јавното мнение за медиумската слобода во БиХ, за квлаитетот на новинарството и тенденциите во медиумската заедница, пренесоа босанскохерцеговските медиуми.
Истражувањето е спроведено од Здружението на босански новинари и Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Директорката на Фондацијата посочи на недостиг од правни норми, што ќе ги заштитуваат новинарите од напади и додаде дека многу луѓе во целина се задоволни од работата на новинарите, но повеќето граѓани сакаат поголем акцент да се стави на социјалните и економските теми, а помал на политичките.
Повеќето од анкетираните или 86,1 отсто сметаат дека има малку или никаква медиумска слобода и дека медиумите од едниот ентитет на Босна и Херцеговина се незадоволни од работата на медиумите во другиот ентитет. Босна и Херцеговина е составена од два дела – Хрватско-муслиманска федерација и Република Српска.
Триесет и четири проценти од анкетираните сметаат дека медиумите придонесуваат за засилување на напрегнатоста на национален, политички и религиозен план.
Над 80 проценти, меѓутоа, се на мислење дека медиумите се најпрофесионалната институција во Босна и Херцеговина и најмногу им веруваат, како и дека граѓаните ги разпознаваат сите видови притисок врз новинарите.
Телевизијата е највлијателниот медиум, но 34 проценти го посочуваат Интернетот како многу суштествен извор на информации што придонел за плурализмот во мислењата, иако количеството информации не е следено и од квалитет, забележуваат медиумите во БиХ.