Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска го обвини сирискиот претседател Башар ал Асад дека преминал на план Б во борбта против бунтовниците – етничко чистење во некои реони на Сирија.
– Му објаснив на Кери дека големиот масакр во Бањас е нова етапа во нападите преземени од режимот во Дамаск, истакна Давутоглу, објаснувајќи за телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери.
Шефот на турската дипломатија посочи дека „вознемирува случајот во Бањас, бидејќи се преминува кон стратегијата за етничко чистење на определен реон, откако не е возможна контрола на врз целата земја“.
Најмалку 62 тела беа откриени во саботата во кварт на северозападниот сириски град Бањас, кој во петокот беше нападната од сириската армија. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека припадници на милицијата шабиха, која го поддржува режимот на Асад, ги застрелале, ги заклале или живи ги запалиле жртвите во Бањас.