Дали постои фатална љубов?

Од:

Изразот фатална љубов ги поврзува судбината и љубовта, означувајќи судбинска љубов. Латинскиот збор фатум значи судбина. Концептот на судбина значи дека Бог или некоја повисока сила го одредува текот на човечкиот живот.

Оние кои веруваат во судбина сметаат дека луѓето својот жиот не можат многу да го променат, туку дека треба само пасивно да се препуштат на повисоките сили, кои со нив управуваат. Во љубовта и вљубеноста треба да се помират со тоа дека одреден партнер им е суден.

Кога некој ќе изјави дека одреден партнер му е фатален, тој тврди дека од него е зависен, дека не може слободно да избере дали да остане или да си замине.

Затоа фаталната љубов е друг израз за зависноста од дадениот однос. Тоа може да биде причината поради која фаталноста се поврзува со негативно значење.

Луѓето, кои се задоволни со својот партнер не велат дека тој е фатален, туку дека го пронашле човекот или жената на својот живот.

Изразот фатално има уште едно значење, како во изразот фатална болест, односно нешто што носи неизбежна пропаст и смрт. Некогаш за некоја мошне харизматична и убава жена се вели дека е фатална – феме фатал, опасна жена во која мажите слепо се вљубуваат и стануваат толку опседнати со неа што не можат да се одбранат таа ги искористи, уништи, а потоа да ги отфрли.

Психотерапевтите по правило не веруваат во концептот на судбина, туку сметаат дека човекот е „ковач на сопствената среќа“. Тоа значи дека сите ние сме слободни во правењето на сопствените избори и поради тоа самите сме одговорни за нивните последици.

Во повеќето случаи можеме да влијаеме на објективните животни околности или да си заминеме од опкружувањето, кое не ни е прифатливо. А кога околностите навистина се непроменливи, можеме да го избереме став кој ќе го заземеме.

Доколку некој го трпи односот, кој не му е прифатлив, бидејќи го доживува како судбински, тој самиот се откажува од својата слобода и ја префрла сопствената одговорност на судбината. Слично, одговорноста може да ја префрли и на фаталниот партнер, како во случајот со фаталната жена или големиот заводник. Меѓутоа денес луѓето се се посвесни дека одговорноста е секогаш на лицето кое се вљубува и кое дозволува да остане заведено.

Она што навистина е фатално е фатализмот, верувањето во фаталноста, во фаталната љубов. Личноста која е зависна погрешно мисли дека не може да живее без партнерот, дека раскинувањето е крај на светот. Таа, колку и да е незадоволна од односот, останува во него или доколку раскине повторно се враќа. Ако партнерот ја остави таа личност може да изврши убиство или самоубиство. Затоа е добро на судбината да гледаме како на нешто со што управуваме, а не како на нешто што го трпиме, пишува Политика.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините