Хулио Цезар Мора и неговата сопруга Валдрамина Макловија Квинтерос од Еквадор се во брак 79 години и тие се најстарата брачна двојка во светот. Заедно имаат 215 години и со тоа влегоа во Гинисовата книга на рекорди.
Хулио има 110 години, а Валдрамина е пет години помлада од него.
Тие се наставници во пензија. Се запознале во 1930-тите, на одмор при училиштен распуст, бидејќи сестрата на Валдрамина била мажена со братучед на Хулио. По седум години, на 7 февруари 1941, се венчале.
„Семејното единство се одржува со љубов, меѓусебно почитување, чесна работа и семејни вредности“, вели парот.
Хулио и Валдрамина имаат пет деца, единаесет внуци, 21 правнук и девет праправнуци.