Курдските бунтовници почнаа денеска да се повлекуваат од Турција, јави БТА.
Повлекувањето се спроведува согласно резултатот од преговорите меѓу Владата и лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна, во процесот за мирно решавање на конфликтот.
На 21 март, кога се слави курдската Нова година, Оџалан ги повика борците од ПКК да го положат оружјето и да ја напуштат територијата на Турција.