Во пресрет на Меѓународниот ден на исчезнатите, 30 август, Босна и Херцеговина соопшти дека трага по повеќе од 7.500 исчезнати лица.
„Во моментот, имаме 7.547 активни случаи, што е број на лица кои сè уште се бараат во БиХ и соседните земји, а се државјани на БиХ“, рече Амор Машовиќ, претседател на Управниот одбор на Институтот за исчезнати лица на БиХ.
Според него, 28.320 лица официјално исчезнале во војната во поранешна Југославија, од кои 14.749 се идентификувани преку ДНК.
Шефот на програмата на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ИЦМП) за Западен Балкан, Метју Холидеј ги повика сите кои имаат информации за скриени масовни гробници да контактираат со соодветните институции за да се разјасни судбината на исчезнатите.
Тој ги повика и семејствата на исчезнатите лица кои се уште не дале примероци на крв да се јават во Меѓународната комисија за потрага по исчезнати лица за да може да продолжи процесот на утврдување на идентитетот на исчезнатите лица преку ДНК-методот.