27 годишната Ивана Чолаковска од Скопје, заедно со Шпанецот Мануел Торес од Севиља, по 10 години патување на различни начини, со мотор од септември ќе тргнат на пат околу светот.
Идејата дошла откако веќе три години со моторот поминале низ доста предели во светот.
Од Севиља сега стигнаа до Скопје, а за патувањето кое почнува во септември велат дека ке патуваат што е можно подолго за да може да посетат повеќе места и да запознаат секакви луѓе.
Стартот на овој подвиг ќе почне од Македонија, преку Грција а потоа следуваат Турција Иран, Пакистан, Индија, Непал и цела Југо-источна Азија. Потоа ке патуваат до Австралија од каде треба да стигнат до Јужна, Централна и Северна Америка.
-Откако ке го поминеме овој дел од светот, се вракаме во Европа и од Шпанија ке го започнеме патувањето во најтешкиот дел, во Африка, вели Чолаковска.
Таа со Мануел Торес почнале да патуваат уште пред три години со мотор, а за време на летните денови работат за да можат финасиски да продолжат со патувањата.
До сега со мотор ја имаат поминато цела Индија во 2011 година, од северниот дел од Ришикеш до јужниот дел Гоа каде поминале околу 5500 км.
-Лани бевме на патување низ цело Мароко со мотор исто така и е едно многу убаво искуство.Поминавме на секаков тип места, плажи, пустини, планини… 1700 км и сега овој месец ја поминавме Европа,од Севиља до Скопје 4500 км, вели Чолакова.
-Овој проект е голем предизвик за нас, го планираме веке 2 години и со душа го чекаме денот кога ке го натовариме моторот и ќе тргнеме.Знаеме дека нема да биде лесно,мегутоа кога е во прашање голема желба и љубов према нешто ,тогаш и не претставува проблем дури и најтешкото, вели таа.
И двајцата велат дека сакаат да им покажат на луѓетоо дека светот е многу попријатно место отколку што повеќето си мислат.
-Од друга страна, ние би сакале да покажеме како во овие времиња на светска криза, луѓето можат да направат неверојатни работи со малку средства и на сите можни начини да дојдат до среќата, велат тие.
Нивното патување може да се следи на
aroundgaia.com
facebook: around gaia
twitter:@aroundgaia