Израел и Турција ја усогласија предлог спогодбата за компензации за убиените во израелскиот упад на турскиот брод „Мави Мармара“, што беше дел од флотилата бродови со пропалестински активисти што во 2010 година тргнаа кон Појасот Газа, протестирајќи против блокадата на палестинската територија, пренесоа американските медиуми.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не соопшти детали за денешната спогодба, изјавувајќи дека се неопходни „дополнителни прецизирања за некои прашања“.
Израел и Турција, со посредништво на САД, се обидуваат да ги обноват своите дипломатски односи, прекратени по упадот на израелските командоси во 2010 година, во кој беа убиени осум Турци и еден Американец од турско потекло.
Израел и се извини на Турција и се согласи да исплати отштета за жртвите.