На социјалните мрежи се појави драматична снимка од Грција, на која се гледа како екипажот на брод спасува девојче кое плови само на гума во форма на еднорог, далеку од брегот.
Траектот „Саламинамахос“, кој сообраќал на редовна линија меѓу местата Рио и Антирио, ja запрел пловидбата кога капетанот го забележал детето во водите на Јонското Море во близина на Патрас, во западна Грција, и се доближил за да го извади од водата.
Девојчето, кое нема повеќе од пет години, е очигледно исплашено и вознемирено, но не плаче во моментот кога луѓето од бродот го спасуваат.
Засега нема повеќе информации за инцидентот и за тоа како се случило девојчето, незабележано од никого, да отплови кон отворено море.