Вчера вечер граѓаните на Скопје, за последен пат имаа можност да прошетаат и да уживаат во магијата на светлосната уметност која последните четири дена беше долж „зелената патека“ која се простираше од Камениот мост па се до Градскиот парк.
Третото издание успеа да испрати еколошки пораки и пораки за заштита на животната средина преку одговорни одлуки и начин на живот, се со цел да се заштити природата и нејзините природни богатства.