Проекцијата LUX NATURAE за старт на третото издание на Skopje Light Art District

Од:

Со проекцијата LUX NATURAE на француските Loom Prod на Камениот мост, вчеравечер почна третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District 2020.

Почитувајќи ги мерките од надлежните институции и следејќи ја зелената патека, на однапред утврдени 18 локации, од плоштадот „Македонија“, преку кејот на реката Вардар, до Градскиот парк, посетителите ги видоа уметничките дела и перформансите кои како главен медиум ја користат светлината.

Оваа година тематиката на Skopje Light Art District има јасна порака за зачувување и одржување на здравата и чиста животна средина.

Скопјани имаа можност да ги проследат и 3Д проекциите на зградата МЦМ во Градскиот парк, каде што се одржува и меѓународниот натпревар во видео мапирање, чиј победник на крајот ќе биде носител на фестивалското гран при, наградата „Златко Славенски“.

Третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност е во организација на Универзална Сала и Град Скопје, со поддршка на Делегацијата на Европската унија и Францускиот институт во Скопје. Фестивалот ќе трае до 22 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Започнува четвртото издание на меѓународниот Фестивал на светлината Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

Заврши уште едно успешно издание на „Skopje Light Art District“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ај Кју и Тони Зен ја оживеаја безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Следете ја зелената патека, почнува Skopje Light Art District

Ана Ололовска

Трето издание на „Skopje light art district“

Ана Ололовска