Идните атомски централи во Турција кои се очекува да почнат со работа во 2019 и 2023 година, ќе и помогнат на државата да намали за 7,2 милијарди долари увоз на енергија, јавија турски медиуми.
Секоја година Турција ја плаќа таа сума за да обезбеди неопходно количество енергија од природен гас.
Турција почна со напори за сопствени нуклеарни централи уште во 1960 година, но постигна реален напредок со договор од 2010 година со руската компаниај Росатом за иградба на АЕЦ во Мерсин на брегот на Средоземното Море.
Државата презеде втор чекор пред неколку дена кога потпиша дотговор со Јапонија за АЕЦ во црноморскиот округ Синоп. Таа АЕЦ е планирано да биде пуштена во работа во 2023 година кога се навршуваат 100 години од основањето на турската република.