Турција ќе гради канал од Црното до Мраморното Море

Од:

Во текот на јуни Турција ќе започне со изградба на поморски канал, кој ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море, најави турскиот министер за транспорт Бинали Јилдирим.

Според Јилдирим, целта на овој проект е да се намали преотоварениот поморски сообраќај низ Босфорскиот Проток. Со изградбата на каналот европскиот дел на Истанбул ќе биде претворен во еден голем остров, додаде Јилдирим.

Се предвидува низ новиот канал, кој ќе биде со должина од 45 километри, да биде пренасочен целиот сообраќај од околу 50.000 товарни бродови и танкери кои сега годишно минуваат низ Протокот во Истанбул.

– Кога каналот ќе биде готов танкерите повеќе нема да претставуваат опасност за Истанбул. Босфорот во иднина ќе го користиме само за социјални и културни активности, нагласи Јилдирим.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција