Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска го прекина говорот во Парламентот откако му се слоши поради нискиот крвен притисок, соопшти неговиот кабинет.
– Асад на неколку минути го прекина говорот поради нискиот крвен притисок, а потоа продолжи со говорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на сирискиот претседател.
May Bashar al-Assad and every single one of these genocidal puppets find their place in hell. Ameen. #Syria pic.twitter.com/i3MglPanvC
— rebels wear masks (@riseuprebel) August 12, 2020
Дел од странските медиуми објавија дека можно е Асад да преживеал срцев удар.
Досега не е познато дека Асад има какви било здравствени проблеми.
Тој им се обрати на пратениците по повод минатомесечните избори, што се трети откако во Сирија почнаа судирите во 2011 година.