Во Бејрут, втор ден по ред, демонстранти се собираат на протест, притоа фрлајќи камења кон безбедносните сили кои го блокираа патот до зградата на Парламентот во Либан.
Како што пренесуваат странските агенции, стотици демонстранти се собрале на главниот плоштад кои протестираат против политичката елита која ја обвинуваат за економската и политичката криза во земјата, како и за неодамнешната катастрофална експлозија во пристаништето.
Еден полицаец беше убиен во судирите меѓу полицијата и демонстрантите вчера, а демонстрантите упаднаа во неколку министерства, како и во банкарското здружение.
Според најновите податоци, во експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут загинаа 158 лица, а повредени се повеќе од 6.000, додека 21 лице се водат како исчезнати.