Притвор за жител на Дебреште, силувал малолетно девојче и се заканувал дека ќе објави на Фејсбук нејзини фотографии

Од:

Основното јавно обвинителство од Прилеп покрена постапка против 25-годишно момче од село Дебреште кое се сомничи дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

По предлог на јавен обвинител, на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор.

Момчето од почетокот на април до 20 јули годинава во атарот на селата Лажани и Дебреште и во Прилеп извршил обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.

Тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и во април се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела. Побарал од неа да влезе во возилото со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која таа му ја испратила претходно на Фејсбук. Девојчето влегло во возилото, по што ја однел на друга локација и извршил обљуба врз неа, иако таа за цело време давала отпор.

На 18 јули, повторно со уцена, ја принудил да влезе во возилото и заедно отишле во неговиот дом во Дебреште. Таму се задржале се до моментот кога добиле сознание дека во куќата доаѓа полицијата, по барање на родителите на девојчето и по наредба на ОЈО Прилеп, за да го врати девојчето кај родителите. Тогаш со возило кое го возел братот на осомничениот ја напуштиле куќата и отишле во неговата куќа во Прилеп, каде биле оставени сами. Осомничениот, во една од собите, без согласност на оштетената извршил обљуба врз неа.

На 20 јули, криејќи се од полицијата, го донел девојчето во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без нејзина согласност извршил обљуба.

Би можело да ве интересира

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче

Гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче

20 години затвор за Французинот кој 10 години ја дрогирал и ја изнајмувал за силување сопругата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тројца браќа богаташи повеќе од 10 години силувале и злоставувале жени

Катерина Ѓуровски

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Татко ја силувал малолетната ќерка во Скопје

А1он