Во Сирија ќе се гради православна црква, копија на Аја Софија

Од:

Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во сириската област Хама, а во неа ќе се богослужи за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник Сабах, кој се повикува на либански медиуми.

Според извештаите, новата црква ќе биде комплетна реплика на оригиналниот изглед на Аја Софија во Истанбул, која овој месец беше пренаменета во џамија од страна на турската Влада.

Идејата првично била на Николас Балбаки, кој е владика во Грчката православна црква во градот Хама во Сирија каде црквата има официјално претставништво.

Претходно проектот бил претставен на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија, каде што добил одобрение, пишуваат медиумите.

Градбата е предвидено да биде во градот Сукајлебие, област Хама, населен претежно со православни христијани.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права