ФОТО: Шест лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Истанбул

Од:

Најмалку шест лица се повредени денеска во судирите меѓу илјадници демонстранти и полицијата во центарот на Истанбул, откако оваа недела властите не дадоа дозвола за организирање на традиционалниот првомајски собир на плоштадот Таксим.

turcija-protesti-1maj-03

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и молотови коктели кон нејзините припадници.

Судири избија во квартовите Бешикташ, Шишли и Меџидијекој. Демонстрантите се обидуваа да ги пробијат полициските кордони за да стигнат до Таксим. Зајакнати се мерките за безбедност околуканцеларијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Бешикташ, каде избија најтешките судири.

An injured journalist is filmed and helped by his colleagues during clashes between riot police and May Day protesters in central Istanbul

Меѓу демонстрантите има социјалисти, анархисти, како и поддржувачи на левоекстремистичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.

Turkish riot police clash with May Day protesters in central Istanbul

Од пет часот изутрината беше сопрено движењето на превозните средства на градскиот превоз меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул. Не се движат автобусите, бродовите, трамваите, со цел да се оневозможи пристигнувањето до Таксим.

A Turkish riot police fires tear gas against May Day protesters as they disperse crowds that tried to break through barricades to reach the city's main square in central Istanbul

Изминатите три години беа одржувани протести на Таксим. На 1 мај 2010 година околу 200 илјади лица учествуваа во првите официјално одобрени демонстрации на Таксим во изминатите 30 години. Таквите настани беа забранети од 1977 година, кога во судири беа убиени 36 лица.

A May Day protester jumps away from a water cannon during clashes between riot police and protesters trying to break through barricades to reach the city's main square in central Istanbul

Турските власти ги забранија оваа година првомајските протести на Таксим, поради тоа што во тек е генерална реконструкција на плоштадот и оти во таквата ситуација не е можно да се гарантира безбедноста на луѓето.

May Day protesters throw stones at riot police as they try to break through barricades to reach the city's main square in central Istanbul A May Day protester throws a stone at riot police as he and others try to break through barricades to reach the city's main square in central Istanbul A Turkish riot police fires tear gas against May Day protesters as they disperse crowds that tried to break through barricades to reach the city's main square in central Istanbul

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски