Судири меѓу турската полиција и демонстрантите во Истанбул

Од:

Турската полиција и демонстрантите се судрија денеска во центарот на Истанбул, откако властите не дозволија организирање на традиционалниот собир за 1 Мај на плоштадот Таксим.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења кон нејзините припадници.

Судири избија во квартовите Бешикташ. Шишли и Меџидијекој. Според очевидци во судирите се ранети двајца новинари. Меѓу демонстрантите има социјалисти, анархисти, како и поддржувачи на левоекстремистичката организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.

Од пет часот изутрината беше сопрено движењето на превозните средства на градскиот превоз меѓу европскиот и азискиот дел на Истанбул. Не се движат автобусите, бродовите, трамваите, со цел да се оневозможи пристигнувањето до Таксим.

Изминатите три години беа одржувани протести на Таксим. На 1 мај 2010 година околу 200 илјади лица учествуваа во првите официјално одобрени демонстрации на Таксим во изминатите 30 години. Таквите настани беа забранети од 1977 година, кога во судири беа убиени 36 лица.

Турските власти ги забранија оваа година првомајските протести на Таксим, поради тоа што во тек е генерална реконструкција на плоштадот и оти во таквата ситуација не е можно да се гарантира безбедноста на луѓето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски