Седумнаесети ден по ред демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител денеска се собраа во Софија на протест.
Тие попладнево го запреа сообраќајот во непосредна близина на зградата на Националното собрание и пред претседателството, скандирајќи го барањето „Оставка“, пренесе БТА.
Тие фрлаа тоалетна хартија кон зградата на бугарската влада.
Под две недели непрекинати протести премиерот Бојко Борисов неделава ја реконструираше владата, но демонстрациите продолжуваат со барање оставка од целата влада.
Претседателот Румен Радев, исто така, побара оставка од владата пред десетина дена.