Ја измамиле дека ќерка и прегазила девојче, дала 122.000 денари да не оди во затвор

Од:

Во Полициската станица Бит-пазар вчера во 18 часот 85-годишна жена од Скопје пријавила дека претходниот ден, 23 јули, била измамена од едно лице.

Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон и се јавило лицето и се претставило дека е командир на полициска станица. Како што пријавила таа, лицето и кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да и помогне да не оди во затвор, а за возврат треба да му даде пари.

Исто така, според пријавеното, оштетената дала 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје