Сингапурец призна дека во САД шпионирал во полза на Кина

Од:

Маж од Сингапур се изјасни за виновен во САД и призна дека работел како таен агент за Кина, што е најнов во низата инциденти кои придонесуваат за зголемување на тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.

Џун Веи Јо е обвинет дека ја користел својата агенција за политичко советување во САД како параван за собирање информации за кинеската разузнавачка служба, велат официјални американски претставници.

Тој вчера призна дека трагал по Американци со високо безбедносно одобрение и ги терал да пишуваат извештаи за лажни клиенти. Според судските документи тој бил регрутиран од кинеските разузнавачи во 2015 година, откако одржал презентација во Пекинг. Во тоа време тој бил на докторски студии на престижниот универзитет во Сингапур.

Според изјавата со која признава вина, Сингапурецот користел профсионално ориентирана социјална мрежа, за која се претпоставува дека е Линкедн, за да контактира со потенцијални цели кои веројатно имаат пристап до чувствителни информации.

Тој беше уапсен при слетувањето во САД во 2019 година.

Покрај тоа, САД информираа дека била уапсена и кинеска истражувачка, која е обвинета за криење на нејзината поврзаност со кинеската армија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија