Доколку сте замислувале некогаш сцена – кутија со бел материјал кој откако ќе го вклучите во струја за десет минути добивате нова столица. Компанијата Ноуменон работи на развој на таков мебел.
Се базирале на истражување на вселенска антена, а нивниот дизајнер Карл де Смет се обидува да примени таков материјал во „полимери на мемориска пена“ за да може мебелот да се спакува во едноставна пратка, а потоа подоцна да биде во „запаметен“ облик.
Таа ултимативна еволуција во производството на мебел би овозможила производот да не мора да има посебно пакување, а поради малата тежина и просторот кој го зазема би можел брзо и лесно да се пренесува, дури и со авиони.
Пената би се активирала на топлина од околу 70 степено Целзиусови. Експертите работат на механизам кој ќе покрене ширење на таа пена. Де Смет признава дека се уште се на ниво на докажување дека тој концепт може да успее. Материјалите сега се многу скапи.