Паѓа бројот на корисниците на Фејсбук

Од:

Најголемата друштвена мрежа на светот, Фејсбук, секој ден губи милиони корисници ширум светот- пишува британскиот весник Гардијан.

Последните шест месеци, Фејсбук во САД изгубил девет милиони корисници, а два милиони во Велика Британија.

Според Гардијан, Фејсбук губи корисници и во Канада и во Шпанија, Франција, Германија и Јапонија.

Според проценките на стручњаците, многу корисници поради заситеноста, се помалку го користат Фејсбук или користат алтернативна друштвена мрежа.

Од друга страна расте бројот на корисници во Индија и Латинска Америка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Информатичкиот центар на Фејсбук

Емир Латифовиќ

Facebook има речиси милијарда корисници!

Емир Латифовиќ