Времето утре сончево со температура до 33 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и доста топло. Во западните делови попладне ќе има извесно зголемување на облачноста, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд со грмежи. Претежно ќе биде тивко, само локално ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топло со мала облачност, а кон крајот на денот и со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот утре ќе има висока вредност 8.

Во наредните денови ќе продолжи сончево и топло време. Во четврток температурата ќе има тенденција на опаѓање, но во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно и ладно со врнежи од дожд

А1он

Облачно и многу студено со температури под нулата

Емир Латифовиќ

Денеска 41 степен

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Пороен дожд и невреме во Скопје

Емир Латифовиќ

Денеска сончево и топло

Емир Латифовиќ

Утре 26 степени

Емир Латифовиќ