ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ системски ја уништуваат економијата

Од:

„Зоран Заев и СДСМ системски ја уништуваат економијата во Македонија. Заев и СДСМ само лажат. Ветуваа 500 евра плата, а ветуваа и раст на БДП годишно од 5-7. Не само што нема ништо, туку и бројките говорат дека просечната плата е далеку од ветените 500 евра, а економскиот раст постои само во сонот на Заев.

Јавниот долг за три години надмина 5 милијарди евра, а само оваа година заради лошиот менаџмент буџетската дупка ќе изнесува една милијарда евра“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Корона кризата само ја покажа дополнително неспособноста на Заев и владата предводена од СДСМ.

Прометот во индустријата во првите пет месеци од годинава е намален за 20 отсто во однос на лани, индустриското производство е намалено за 14,6 отсто.

За три години граѓаните видоа само како Заев краде, граѓаните видоа само корупција и криминал, полни чанти со пари за Заев и пријателите од рекет.

Македонија со Заев и СДСМ само тоне.

Граѓаните и Македонија заслужуваат подобро. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС