(ВИДЕО) Продолжуваат антивладините протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Борисов

Од:

Антивладините протести против актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов и неговиот кабинет продолжија и денеска, граѓаните излегоа на главните булевари низ Софија и другите градови ширум земјата за да го искажат своето незадоволство од политиките на власта.

Околу 9 часот наутро клучните собраќајници околу центарот на главниот град беа затворени, меѓу кои е блокиран и булеварот „Царот ослободител“.

Од денес, антивладините протести во Бугарија влегуваат во нова фаза, бидејќи започна и претходно најавениот национален штрајк.

Демонстрантите се собраа пред зградата на Националното собрание на Бугарија, незадоволни од Владата, тие побараа оставки од владиниот кабинет и главниот обвинител. Во меѓувреме, во Националното собрание се водеше расправа околу иницијативата за изгласување на недоверба.

Ситуацијата е мирна и нема забележано нови инциденти, пренесуваат бугарските медиуми.

Би можело да ве интересира

Пет протести пред бугарското Народно собрание за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Петков

Нов антивладин протест во Бугарија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Продолжуваат антивладините протести во Бугарија

Ана Ололовска

ЕК и порача на Бугарија дека употребата на сила мора да биде пропорционална

Ана Ололовска

ГЕРБ: Ја поддржуваме полицијата, бугарската Влада нема да поднесе оставка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Над 120 приведени и 100 повредени полицајци на протестите во Бугарија

Ана Ололовска