Во Индија и Непал раселени милиони луѓе поради поплави

Од:

Како резултат на големите поплави предизвикани од монсунските дождови, привремено се раселени околу четири милиони луѓе во северо-источната индиска држава Асам и соседен Непал, десетици се водат како исчезнати, а најмалку 189  загинаа, соопштија властите во Индија и Непал.

Како што пренесуваат странските агенции, поради излевање на реката Брамапутра, која тече низ кинескиот регион Тибет, Индија и Бангладеш, оштетени се земјоделски посеви, а има и лизгање на земјиштето.

Властите во Непал го повикаа населението во јужните делови на земјата да бидат внимателни, бидејќи се очекуваат нови силни монсунски дождови, кои таму од минатиот месец предизвикуваат катастрофални поплави и лизгање на земјиштето, чиј смртен биланс веќе надмина стотина.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија