Филмот „Лов“ на данскиот режисер Томас Винтерберг е избран за најдобар на 16. издание на Скопскиот филмски фестивал, според гласањето на публиката.
Од програмата „Eye on films“ за најдобар е избран филмот „Куќа со кула“ во режија на Ева Нејман.
Фестивалот го затвори рускиот филм на режисерот Кирил Сребреников во кој главната улога ја има актерот Дејан Лилиќ.
Во текот на изминатите девет фестивалски дена Скопскиот филмски фестивал имаше повеќе од 10 илјади посетители.
ФОТО: IMDb