Навиката, рутината, монотонијата… честопати доведуваат до состојба кога партнерите губат интерес еден за друг. Но, некои мажи, на пример знаат да ги избегнат тие замки и повторно да бидат „оној истиот“ во кого нивната поубава половина се вљубила.
Во суштина, едноставните потези на мажите се она што ја прави жената заинтересирана и лојална…
Добри манири
Психологијата вели дека оние машки „кавалерски навики“ на помладите дами брзо им здосадуваат. Но, поискусните жени речиси секогаш се воодушени и фасцинирани од добро воспитан и учтив маж, кој ќе се сети да ѝ ја отвори вратата или пак, да го повлече столот в ресторан за таа да седне…
Љубопитен е
Ако мажот е заинтересиран за чувствата на неговата дама, ако знае да праша – што е тоа што ја тера да плаче, да се смее или што ја возбудува и раздвижува, жената ќе го забележи тоа. Повеќето жени го ценат тој вид интерес и сакаат да останат со таков маж.
Ѝ укажува дека ја сака
Жената сака, одвреме-навреме да слушне дека е привлечна, посакувана и пожелна за својот партнер. Но, сака и тие зборови да се повторуваат. Советот вели – никогаш не застанувај на само еден комплимент.
Не занемарувајте ја моќта на зборовите.