Одложена годинешната „Галичка свадба“, можно е да се одржи на Голема Богородица

Од:

Имајќи го предвид предизвикот на Ковид-19 и во интерес на заштита на јавното здравје како врвен приоритет, Советот на Месна заедница Галичник донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која традиционално се одржува кон средината на месец јули, за време на верскиот празник Петровден.

„Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на Свадбата од Претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата „Галичка свадба“ не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека Свадбата ќе ја одржиме наскоро,“ велат галичани.

Од организацискиот тим на манифестацијата најавуваат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната Галичка свадба може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, на 28 август.

Би можело да ве интересира

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“

Галичка свадба 2022: Спој на традицијата, културното наследство и вистинските партнерства

Галичка свадба викендов, Катерина и Филип – годинашни младенци