Генералниот секретар на Шангајската организација за соработка Дмитриј Мезенцев и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу потпишаа денеска во Алмати меморандум за давање статус партнер за Турција во дијалогот во рамки на Организацијата.
Меморандумот е потпишан во рамки на министерска конференција во Алмати.
– Тоа е нов интересен развој на меѓународната активност на Шангајската организација и би сакал да ги поздравам членовите на организацијата и Турција за овој важен настан, изјави министерот за надворешни работи на Казахстан Ерлан Идрисов.
Членки на ШОС сега се Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Статус набљудувачи имаат Индија, Иран, Монголија и Пакистан.