Во Данска деновиве се емитува необична и контроверзна емисија. Имено музичарот Томас Блекман, кој е познат како судија во емисијата „Икс Фактор“, неодамна доби сопствено шоу на телевизијата DR2.
Концептот на емисијата е таков што еднаш неделно во студиото поканува еден гостин, кој се соблака гол и заедно со гостите го коментираат. Тоа предизвика за оваа емисија да се кршат копјата, а самиот водител е наречен дискриминатор.
Сепак, тој не се оптоварува со тоа и тврди дека со својата емисија допира бројни теми важни за општеството, како сексуалноста, перцепцијата на жените, нивните скриени фантазии и сл.
Томас неодамна изјави дека неговата емисија има благородна цел.